1 Летописи 8:36-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

36. На Ахаза му се роди Јоад; на Јоада му се родија Алемет, Азмавет и Зимриј; на Зимрија му се роди Моса.

37. На Моса му се роди Винеј, чиј син беше Рафа, а негов син Елеас, негов син Асил.

38. Асил имаше шест синови, на кои имињата им се: Азрикам, неговиот првенец, Вохеру, Исмаил, Сеариј, Овадиј и Анан; сите тие беа Асилови синови.

39. Синови на неговиот брат Исек беа: Улам, неговиот првенец, вториот Еус, третиот Елифелет.

40. Уламовите синови беа храбри јунаци, кои оптегнуваа лак и имаа многу синови и внуци, сто и педесет. Сите тие беа од Венијаминовите синови.

1 Летописи 8