21. негов син Завад, негов син Сутал, Есер и Елеад. Нив ги убија галадските граѓани, родени во земјата, зашто слегоа да им го одземат добитокот.
22. Затоа нивниот татко Ефрем тажеше долго време, а браќа му одеа да го утешуваат.
23. Тогаш влезе при својата жена, и таа забремени и роди син, а тој му даде име Верија, зашто несреќата се случи во неговата куќа.
24. Ќерка му беше Сера, која ги изгради Долниот и Горниот Вет Орон и Узен-Сера.