1 Летописи 7:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Исахарови синови беа: Тола и Фуја, Јасув и Симрон, нив четворица.

2. Толини синови: Озиј, Рефај, Ерил, Јамај, Евсам и Самоил, главатари на татковскиот дом на Тола, храбри јунаци подредени според сродство; во Давидово време ги имаше на број дваесет и две илјади и шест стотини.

3. Озиеви синови: Израј, Израеви синови: Михаил, Овадиј, Јоил и Есиј, вкупно пет поглавари.

4. Со нив според сродните семејства беа во воени чети за војна триесет и шест илјади луѓе, зашто имаа многу жени и синови.

5. Нивните браќа, по сите Исахарови родови, храбри јунаци, беа вкупно осумдесет и седум илјади, и сите беа запишани во племенските родословници.

1 Летописи 7