1 Летописи 4:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Јавис беше пославен од своите браќа, и мајка му го нарече Јавис, велејки: „Го родив со болка.”

10. Јавис Го повика Израелевиот Бог говорејќи: „Ако ме благословуваш навистина, прошири го моето подрачје, Твојата рака нека биде покрај мене и запази ме од злото, за да не се измачувам!” Бог го исполни тоа за што Му се молеше.

11. На Суевиот брат Хелув му се роди Мехир; тој беше Естонов татко.

12. Од Естона потекнаа Вет-Раф, Фесеј и Техин, таткото на Ир Нас. Тоа се Рихавови луѓе.

13. А Кенезови синови беа: Готонил и Серај. Готонилови синови: Атат и Меонот.

1 Летописи 4