17. Езрини синови: Етер, Меред, Ефер и Јалон; на Етера му се родија Маријама, Самај и Есва, таткото на Естемој.
18. Неговата жена Јудејка ги роди: Јеред, татко Гедоров, Евер, татко Сохов, и Екутил, татко Заноев. Тоа беа синови на Витија, фараоновата ќерка која ја зеде за жена Меред.
19. Синови на Одиевата жена, сестрата на Нам, таткото Келиев, беа: Симон, татко на Гармиецот Јомам, и Махатецот Естемој.
20. Симонови синови беа: Амнон, Рина, Вен-Анан и Тилон. Есеови синови: Зохет и Вен-Зохет.
21. Синови на Јудиниот син Сила беа: Ир, таткото Лихин, Лада, таткото Марисин, и семејствата на платнарската куќа во Вет Асвеин;