16. Јалелеилови синови беа Зиф, Зифа, Тириј и Асареил.
17. Езрини синови: Етер, Меред, Ефер и Јалон; на Етера му се родија Маријама, Самај и Есва, таткото на Естемој.
18. Неговата жена Јудејка ги роди: Јеред, татко Гедоров, Евер, татко Сохов, и Екутил, татко Заноев. Тоа беа синови на Витија, фараоновата ќерка која ја зеде за жена Меред.
19. Синови на Одиевата жена, сестрата на Нам, таткото Келиев, беа: Симон, татко на Гармиецот Јомам, и Махатецот Естемој.