1 Летописи 29:25-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Господ го возвиши многу Соломона пред очите на сиот Израел и му даде на неговото царство величество какво немаше ниеден цар пред него во Израел.

26. Така Јесеевиот син Давид царуваше над сиот Израел.

27. Царуваше четириесет години над Израел; царуваше седум години во Хеврон; царуваше триесет и три години во Ерусалим.

28. Почина во добра старост, наситен од животот, од богатството и од славата. На неговото место се зацари син му Соломон.

29. Делата на царот Давид, од првото до последното, опишани се во записите на гледачот Самоил, во записот на пророкот Натан и во записот на гледачот Гад,

30. со сето негово царување, со неговите јунаштва и со настаните што поминаа преку него, и преку Израел, и преку сите други земни царства.

1 Летописи 29