20. Тогаш Давид му рече на својот син Соломон: „Биди јунак и храбар, и работи! Не бој се и не плаши се, зашто Господ, Бог, мојот Бог, ќе биде со тебе! Не ќе те напушти ниту ќе те остави додека не ја свршиш сета работа за служба околу Господовиот Дом;
21. Еве ги свештеничките и левитските редови за секаква служба во Божјиот Дом; имаш покрај себе за секоја работа секакви луѓе, подготвени и вешти за секоја служба, кнезовите и сиот народ се под твое заповедништво.”