1 Летописи 26:26-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Тој Селомит со своите браќа беше одговорен за сето сокровиште на посветените работи, кои ги посвети царот Давид со семејните главатари, со стотниците и со воените заповедници.

27. Посветија дел од воениот плен за да зајакне Господовиот Дом.

28. Сè што беа посветиле гледачот Самоил, Кисовиот син Саул, Нировиот син Авенир и Серуиниот син Јоав, сè посветено, беше под надгледништво на Селомит и на неговите браќа.

29. Исаровците Хенаниј и неговите синови беа над светските работи како надгледувачи и судии во Израел.

30. Хевроновците Асавиј и неговите браќа, илјада и седум стотини храбри луѓе, управуваа со Израел од оваа страна на Јордан кон запад во секоја Господова работа и во царската служба.

1 Летописи 26