1 Летописи 26:16-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. на Суфим и Ос на запад со Салехетската Врата, на патот што води кон нагорницата; стражата беше до стража.

17. Од исток четири на ден, од југ четири на ден; а кај ризницата по двајца.

18. На храмската приградба, од запад, четворица на нагорништето, двајца кај приградбата.

19. Тоа се вратарските редови меѓу Кореевите и Мерариевите синови.

20. Левити, нивни браќа, беа: Ахиј над ризницата на Божјиот Дом и над ризницата на посветените работи.

21. Ладанови синови, Гирсоновци по Ладан, главатари на семејствата на Ладан Гирсоновецот, беа Ехиловците.

22. Ехиловците Зетам и брат му Јоил беа настојатели над ризницата на Господовиот Дом.

23. Од Амровците, од Исаровците, од Хевроновците и од Озиловците беа:

1 Летописи 26