1 Летописи 26:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Ова се вратарските редови. Главатари на овие јунаци беа, како и нивните браќа, чувари во служба на Господовиот Дом.

13. Фрлаа жрепки, најмалиот како и најголемиот, по семејствата за секоја врата.

14. Жрепката на исток му падна на Селимиј; неговиот син Захариј беше мудар советник. Кога ги фрлија жрепките, му падна жрепката на север,

15. на Овид-Едом на југ; а на неговите синови на ризницата;

16. на Суфим и Ос на запад со Салехетската Врата, на патот што води кон нагорницата; стражата беше до стража.

1 Летописи 26