1 Летописи 25:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давид со воените заповедници ги избра за служба Асафовите, Емановите и Једутуновите синови, кои ќе пејат восхитувачки пофалби со гуслиња, псалтири и кимвали; меѓу нив беа изброени луѓето за работа во својата служба:

2. од Асафовите синови: Захур, Јосиф, Нетаниј и Асарил; Асафови синови под раководство на Асаф, кој пееше восхитувачки пофалба по царска наредба.

3. Од Једутун: шесте Једутунови синови: Гедалиј, Сориј, Есаиј, Симеј, Асавиј и Мататиј под управа на својот татко Једутун, кој пееше восхитувачка пофалба со гусле славејќи Го и фалејќи Го Господа.

1 Летописи 25