1 Летописи 23:28-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Беа одредени да бидат покрај Ароновите синови во служба во Господовиот Дом, во преддворјата и во тремовите, за да ги чистат сите свети работи, за да работат во служба во Господовиот Дом,

29. исто за лебните приноси, за пченичното брашно за принос, за бесквасните колачиња зготвени во сад и замешани во масло и за мерките за тежина и за должина;

30. за да пристапуваат секое утро, да Му благодарат на Господа и да Го слават: така и навечер.

31. А кога и да Му се принесуваат паленици на Господа, во сабота, при млада месечина и во празниците, да доаѓаат според својот број, според својот ред, секогаш пред Господа.

32. И за да ги заштитуваат на средбата: и Светилиштето и своите браќа, Ароновите синови, при службите во Господовиот Дом.

1 Летописи 23