1 Летописи 21:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Сатаната стана против Израел и го поттикна Давида да го изброи Израел.

2. Царот им рече на Јоава и на народните кнезови: „Одете, пребројте ги Израелците од Вирсавеа па до Дан и кажете ми колку се на број.”

3. Јоав рече: „Господ нека му даде на Својот народ уште стопати оволку колку што е сега! Не се ли, мој господару цару, сите тие слуги на мојот господар? Зошто го бара тоа мојот господар? Зошто да биде вината на Израел?”

4. Но царскиот збор беше посилен од Јоавовиот. Така Јоав отиде и почна да го обиколува сиот Израел, а тогаш, најпосле, се врати во Ерусалим.

1 Летописи 21