1 Летописи 21:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Сатаната стана против Израел и го поттикна Давида да го изброи Израел.

2. Царот им рече на Јоава и на народните кнезови: „Одете, пребројте ги Израелците од Вирсавеа па до Дан и кажете ми колку се на број.”

3. Јоав рече: „Господ нека му даде на Својот народ уште стопати оволку колку што е сега! Не се ли, мој господару цару, сите тие слуги на мојот господар? Зошто го бара тоа мојот господар? Зошто да биде вината на Израел?”

1 Летописи 21