1 Летописи 20:4-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Потоа пак избувна војна со Филистејците во Гезер; тогаш Хусиецот Сивехај го погуби Сифија, кој беше од Рефаимовите потомци; и беа покорени.

5. Покрај тоа стана и војна со Филистејците, во која Јаировиот син Елханан го погуби Ламија, братот на Гетеецот Голијат, кој имаше копје како ткаачко вратило.

6. Потоа пак избувна војна во Гат, каде беше некој човек со висок раст: тој имаше на секоја рака и нога по шест прсти, и така дваесет и четири; и тој беше Рафин потомок.

7. Кога почна да го хули Израел, го уби Јонатан, син на Давидовиот брат Самај.

8. Тоа беа Рафини потомци во Гат, кои загинаа од Давидовата рака и од раката на неговите слуги.

1 Летописи 20