1 Летописи 20:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во идната година, во времето кога царевите излегуваа на војна, Јоав ја изведе војската и почна да ја запустува Амонската Земја. Откако дојде, ја опсади Рава; Давид беше останат во Ерусалим. Јоав ја освои Рава и ја разурна.

2. Тогаш Давид ја зеде круната од главата на нивниот цар и виде дека е тешка еден златен талант, а врз неа беа скапоцени камења. Ја сложија врз главата на Давида, кој однесе од градот многу голем плен.

3. Народот што беше во градот го извади надвор и го исече со пили, со железни копачи и со секири. Така Давид им направи на сите градови на Амоновите синови. Потоа се врати со сиот народ во Ерусалим.

1 Летописи 20