1 Летописи 18:3-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Давид го порази и Адад-Езера, совскиот цар во Емат, кога излезе да ја утврди својата власт до реката Еуфрат.

4. Давид зароби од него илјада бојни коли, седум илјади коњаници и дваесет илјади пешаци; им ги пресече петичните жили на сите коњи на бојните коли, остави само сто.

5. Дамаските Арамејци му беа дошле на помош на Адад-Езер, ама Давид погуби меѓу Арамејците дваесет и две илјади луѓе.

1 Летописи 18