1. Кога Давид се настани во дворецот, му рече на пророкот Натан: „Погледај! Еве, јас живеам во дворец од кедрово дрво, а Ковчегот на Господовиот Завет под завеси!”
2. Натан му одговори на Давида: „Прави, што ти е на срцето, зашто Господ е со тебе.”
3. Но уште во истата ноќ му дојде на Натана ова Божјо слово:
4. ”Оди и кажи му на Мојот слуга Давид: ‘Господ зборува вака: „Ти нема да Ми направиш куќа за да живеам во неа.
5. Никогаш не престојував во куќа откако го изведов Израел од Египет па до денешниот ден, туку одев од шатор до шатор, и од престојувалиште до престојувалиште.