1 Летописи 16:27-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Славата и величеството се пред Него, силата и радоста во Неговото Светилиште.

28. Дајте Му ги на Господа, народни племиња, дајте Му ги на Господа славата и честа!

29. Дајте Му ја на Господа славата на Неговото Име, носете приноси и доаѓајте пред Неговото лице! Поклонете Му се на Господа во блесокот на Неговата светост!

30. Трепери пред Него, сета Земјо! Ја зацврсти вселената за да не се заљулее.

1 Летописи 16