1 Летописи 16:17-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Тоа им го постави како закон на Јакова, како вечен Завет на Израел.

18. Велејќи: „Тебе ќе ти ја дадам Ханаанската Земја како дел во ваше наследство.”

19. Тие беа малубројни, и ништожни, и придојденици во неа.

20. Одеа од народ до народ, од едно царство кон друг народ.

21. Но Тој не му дозволи никому да ги угнетува, ги казнуваше заради нив царевите:

1 Летописи 16