1 Летописи 16:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Спомнете си за чудата што ги направи, за Неговите чуда и за судовите на Неговата уста,

13. Израелевиот род е Негов слуга, Јакововите синови Негови избраници.

14. Тој е Господ, наш Бог; Неговите судови се по сета земја!

15. Спомнувајте си секогаш за Неговиот Завет, за словото кое им го објави на илјадници поколенија;

16. за Заветот што го склучи со Авраама и Неговата заклетва на Исака.

1 Летописи 16