1 Летописи 15:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Давид изгради дворци во Давидовиот Град, подготви место за Ковчегот и му оптегна Шатор.

2. Потоа Давид рече: „Никој не смее да го носи Божјиот Ковчег освен левитите, зашто Господ ги избра нив за да го носат Божјиот Ковчег и за да му служат довека.”

3. Давид го собра сиот Израел во Ерусалим за да го пренесат Господовиот Ковчег горе на неговото место што му го беше подготвил.

4. Давид ги собра и Ароновите синови и левитите.

5. Од Каатовите синови: кнезот Урил и сто и дваесет негови браќа;

6. од Мерариевите синови: кнезот Асај и двеста и дваесет негови браќа;

7. од Гирсоновите синови: кнезот Јоел и сто и триесет негови браќа.

8. Од Елисафановите синови: кнезот Семај и двеста негови браќа.

9. Од Хевроновите синови: кнезот Елил и осумдесет негови браќа;

10. од Озиловите синови: кнезот Аминадав и сто и дваесет негови браќа.

11. Тогаш Давид ги повика свештениците Садок и Авијатар, и левитите Урил, Асај, Јоил, Самај, Елил и Аминадав,

12. па им рече: „Вие сте главатари на левитските семејства; осветете се себеси и своите браќа за да го пренесете горе Ковчегот на Господа, Израелевиот Бог, на местото што му го подготвив.

1 Летописи 15