1 Летописи 14:5-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Евар, Елисуј, Елфалет,

6. Нога, Нефег, Јафија,

7. Елисам, Велијад и Елифалет.

8. Кога Филистејците чуја дека го помазаа Давида за цар над сиот Израел, сите излегоа за да го бараат Давида. Откако го чу тоа, Давид излезе пред нив.

9. Филистејците дојдоа и се раширија по Рафајската Долина.

10. Тогаш Давид Го праша Бога: „Можам ли да ги нападнам Филистејците? Сакаш ли да ми ги предадеш мене во рацете?” Господ му одговори: „Нападни, зашто ќе ти ги предадам тебе во рацете!”

11. Тогаш тргнаа во Вал Ферасим, и Давид таму ги истепа. Давид рече: „Бог навлегува меѓу моите непријатели со мојата рака, како што навлегува водата.” Затоа она место беше наречено Вел Ферасим.

1 Летописи 14