1 Летописи 13:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давид се советуваше со илјадниците, стотниците и со сите водачи.

2. И тој му рече на целиот Израелев собор: „Ако ви е право та ако нашиот Бог Господ одлучил така, ќе испратиме гласници на сите други браќа во Израелевата земја, а исто така и на свештениците со нив и на левитите по градовите на нивните пасишта, за да се обединат со нас.

3. Ќе го пренесеме кај себе Ковчегот на својот Бог, зашто навистина не го баравме во Сауловите денови.”

4. Сиот собор одлучи да се направи така, зашто тоа беше право во очите на сиот народ.

5. Така Давид го собра сиот Израелев народ од Египетскиот Сихор па до влезот во Емат, за да го донесат Божјиот Ковчег од Киријат-Јарим.

1 Летописи 13