1 Летописи 10:3-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Бојот стана пожесток околу Саула. Го изненадија стрелци со лакови, и тој падна ранет од стрелците.

4. Тогаш Саул му рече на својот оруженосец: „Извлечи го својот меч и прободи ме, за да не дојдат тие необрежанци и за да не ми се наругаат.” Ама неговиот оруженосец се исплаши и не сакаше да го направи тоа. Затоа Саул го зеде мечот и се фрли врз него.

5. Кога оруженосецот виде дека Саул почина, и тој се фрли врз својот меч и умре.

6. Така во оној ден загинаа заедно Саул, неговите три сина и сиот негов дом.

1 Летописи 10