1 Коринќаните 7:32-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Би сакал да бидете без грижи. Оној кој не е во брак се грижи за она што е Господово; како да Му угоди на Господа.

33. А женетиот се грижи за земното: како да и угоди на жената,

34. та вниманието му е поделено. И немажената жена, девицата, се грижи за Господовото, за да биде света во телото и во духот; а мажената се грижи за светското: како да му угоди на мажот.

1 Коринќаните 7