1 Коринќаните 7:28-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Но, иако се ожениш, не грешиш; а ни девицата не греши ако се омажи. Но, таквите ќе имаат телесни неволји, а јас пак се обидувам да ве поштедам.

29. Браќа, ви го велам ова: времето е кратко. Затоа, и оние кои имаат жени, да бидат како да ги немаат;

30. и кои плачат, како да не плачат; и кои се радуваат, како да не се радуваат; и кои купуваат, како да немаат;

31. и кои го ползуваат овој свет, како да не го ползуваат, зашто поминува обликот на светов.

32. Би сакал да бидете без грижи. Оној кој не е во брак се грижи за она што е Господово; како да Му угоди на Господа.

33. А женетиот се грижи за земното: како да и угоди на жената,

1 Коринќаните 7