1 Коринќаните 7:20-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Секој нека остане онаков каков е повикан!

21. Ако си повикан како роб? Не грижи се! Туку, ако можеш да станеш и слободен, подобро искористи го тоа,

22. зашто оној, кој е повикан како роб во Господа, слободен е во Господа; исто така и оној, кој е повикан како слободен, роб е на Христа.

23. Скапо сте купени! Не бидете им робови на луѓето!

24. Браќа, секој нека остане пред Бога во она во што е повикан.

25. За девиците немам заповед од Господа, но го кажувам своето мнение како оној, кој, добивајќи ја Господовата благодат, е достоен за доверба.

26. Според тоа, сметам дека ова е добро заради сегашната потреба; дека е добро за човекот да остане таков, како што си е.

27. Сврзан ли си со жена? Не барај развод! Разврзан ли си од жена? Не барај жена!

1 Коринќаните 7