1 Коринќаните 6:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. И некои од вас беа такви. Но, се измивте, и се осветивте, и се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос и во Духот на нашиот Бог.

12. Сè ми е дозволено, но не е сè полезно. Сè ми е дозволено, но не сакам нешто да завладее над мене.

13. Храната е за стомакот, а стомакот за храната; Бог ќе ги уништи и едното и другото. А телото не е за блудство, туку за Господа, и Господ за телото;

14. а Бог, Кој Го воскресна Господа, ќе нè воскресне и нас со Својата сила.

1 Коринќаните 6