1 Коринќаните 4:4-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Зашто не знам дека сум виновен во нешто, но со тоа не сум оправдан. Туку, Господ е Тој, Кој ќе ме суди.

5. Затоа не судете ништо предвреме, пред да дојде Господ, Кој ќе го извади на видело скриеното во темнина и ќе ги открие намерите на срцата; и тогаш секој ќе ја прими пофалбата од Бога.

6. А врз себе и врз Аполоса покажав пример, браќа, заради вас, за да научите од нас да не мудрувате повеќе од она, што е напишано, и да не се вообразувате еден над друг.

7. Зашто, кој те прави да се разликуваш од другиот ? И што имаш, што не си примил? И така, ако си примил, зошто се фалиш како да не си примил?

1 Коринќаните 4