1 Коринќаните 4:14-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Не го пишувам ова за да ве засрамам, туку за да ве предупредам како свои возљубени чеда,

15. зашто, ако имавте и десет илјади воспитувачи во Христа; сепак немате многу татковци, зашто јас ве родив во Христа Исуса преку Евангелието.

16. Затоа, ве молам подражавајте ме мене.

17. Затоа и го испратив при вас Тимотеја, моето возљубено и верно чедо во Господа. Тој ќе ви ги напомни моите патишта во Христа, како што ги учам насекаде, и во секоја црква.

18. Некои се вообразија, како јас да нема да дојдам при вас.

19. Но наскоро, ќе дојдам при вас, ако биде Господова волја, и тогаш не ќе сакам да знам за зборовите на оние вообразените, туку за нивната сила,

20. зашто Божјото Царство не е во зборови, туку во сила.

21. Што сакате: да дојдам при вас со прачка, или со љубов и со кроток дух?

1 Коринќаните 4