1 Коринќаните 4:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Ние сме безумни заради Христа, а вие сте мудри во Христа! Ние сме слаби, а вие, јаки; вие сте славни, а ние без чест.

11. До овој час гладуваме и жеднееме, и необлечени сме, и нè бијат, и скитаме,

12. и се трудиме работејќи со своите раце. Кога нè навредуваат, ние благословуваме; кога нè гонат, ние поднесуваме;

13. кога нè клеветат ние се обраќаме благо. Станавме како нечистотија на светот, како смет исфрлен од сите, сè досега.

14. Не го пишувам ова за да ве засрамам, туку за да ве предупредам како свои возљубени чеда,

1 Коринќаните 4