1 Коринќаните 4:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И така, секој човек нека нè смета за Христови служители и за управители на Божјите тајни!

2. А од управителите натаму се бара секој да се покаже верен.

3. За мене сосем малку ми значи, што ме осудувате вие, или друг човечки суд; а ни самиот јас не се судам себеси.

4. Зашто не знам дека сум виновен во нешто, но со тоа не сум оправдан. Туку, Господ е Тој, Кој ќе ме суди.

1 Коринќаните 4