1 Коринќаните 2:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. А ние не го примивме духот на светов, туку Духот, Кој доаѓа од Бога, за да знаеме што Бог милостиво ни дарува.

13. Па и тоа не го зборуваме со зборови научени од човечката мудрост, туку со зборови научени од Духот Свети, споредувајќи ги духовните работи со духовното.

14. А душевниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух, зашто тоа е безумство за него, и не може да сознае, зашто за тоа треба да расудува на духовен начин.

15. Духовниот човек пак испитува сè, а него никој не го испитува,

16. зашто: „Кој го познава Господовиот ум, за да го поучи?” А ние го имаме Христовиот ум.

1 Коринќаните 2