1 Коринќаните 15:6-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Потоа им се јави еднаш на повеќе од пет стотини браќа, од кои повеќето се живи до денес, а некои - починаа.

7. Потоа му се јави на Јакова, па тогаш на сите апостоли.

8. А најпосле ми се јави и мене како на недоносче.

9. Зашто јас сум најмал меѓу апостолите и не сум достоен да се наречам апостол, бидејќи ја гонев Божјата Црква.

10. Но со Божја благодат сум она што сум. А Неговата благодат, која ми е дадена мене, не беше напразно, туку се потрудив поизобилно од сите нив, но не јас - туку Божјата благодат, која е со мене.

1 Коринќаните 15