1 Коринќаните 15:45-49 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

45. Така е напишано: „Првиот човек, Адам, стана жива душа”; а последниот Адам - животворен Дух.

46. Но не е прво она што е духовно, туку е прво природното, а духовното доаѓа потоа.

47. Првиот човек е од земја, земјен; вториот Човек е од небото.

48. Каков е земниот, такви се и земните; каков е небесниот, такви се и небесните.

49. И како што го носиме обликот на земниот, така ќе го носиме и обликот на небесниот.

1 Коринќаните 15