1 Коринќаните 15:42-47 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

42. Така е и со воскресението на мртвите; се сее во распадливост, воскреснува во нераспадливост;

43. се сее без чест, воскреснува во слава; се сее во слабост, воскреснува во сила;

44. се сее природно тело, воскреснува духовно тело. Ако има природно тело, има и духовно тело.

45. Така е напишано: „Првиот човек, Адам, стана жива душа”; а последниот Адам - животворен Дух.

46. Но не е прво она што е духовно, туку е прво природното, а духовното доаѓа потоа.

47. Првиот човек е од земја, земјен; вториот Човек е од небото.

1 Коринќаните 15