21. Бидејќи смртта дојде преку човек, така преку еден Човек дојде и воскресението од мртвите.
22. Зашто, како што сите умираат во Адама, така и во Христа сите ќе оживеат.
23. Но секој по својот ред: првенец Христос, после оние кои се Христови, во времето на Неговото доаѓање.
24. Тогаш доаѓа крајот, кога ќе Му го предаде Царството на Бог и Таткото; откако ќе ги уништи: секое началство, и секоја власт и сила.
25. Зашто, Тој треба да царува „додека не ги положи сите свои непријатели под Своите нозе.”
26. Смртта ќе биде уништена како последен непријател.
27. Зашто „сè покорил под Неговите нозе.” А кога вели, дека е покорено сè, јасно е дека е покорено сè, освен Оној, Кој Му покорил сè.
28. Кога ќе Му биде потчинето сè, тогаш и Самиот Син ќе Му се потчини на Оној, Кој Нему Му потчинил сè, за да биде Бог сè во сè.