13. Ако нема воскресение на мртвите, тогаш ни Христос не воскреснал;
14. А ако Христос не воскреснал, тогаш е празна нашата проповед, празна е и вашата вера.
15. При тоа се наоѓаме и како лажни Божји сведоци, дека сведочиме за Бога, дека Го воскреснал Христа, Кого не Го воскреснал; ако навистина мртвите не воскреснуваат.
16. Зашто, ако мртвите не воскреснуваат, ни Христос не воскреснал.
17. А ако Христос не воскреснал, суетна е вашата вера; вие сте уште во вашите гревови.
18. Тогаш и оние, кои умреле во Христа, загинале.
19. Ако само во овој живот се надеваме на Христа, ние сме најнесреќни од сите луѓе.
20. Но сега, Христос воскресна од мртвите, како првенец на оние кои умреле.
21. Бидејќи смртта дојде преку човек, така преку еден Човек дојде и воскресението од мртвите.
22. Зашто, како што сите умираат во Адама, така и во Христа сите ќе оживеат.
23. Но секој по својот ред: првенец Христос, после оние кои се Христови, во времето на Неговото доаѓање.