1 Коринќаните 14:32-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. И пророчките духови им се покоруваат на пророците,

33. зашто Бог не е Бог на безредие, туку на мирот, како што е во сите цркви на светите.

34. Жените да молчат во црквите; зашто ним не им е дозволено да зборуваат, туку да се покоруваат, како што вели Законот.

35. Ако сакаат да научат нешто, нека ги прашаат своите мажи дома, зашто е срамно жената да зборува во црква.

36. Или од вас ли излезе Божјото слово! Или само до вас стигна?

37. Ако некој мисли дека е пророк или духовен, нека разбере дека ова, што ви го пишувам, е Господова заповед!

38. А кој не сака да го препознае ова, нека не биде препознаен!

39. Затоа, браќа мои, ревнувајте за пророкување и не забранувајте да се зборува во јазици!

40. И нека сите работи се вршат пристојно и уредно!

1 Коринќаните 14