1 Коринќаните 14:13-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Затоа оној кој зборува на јазик, нека се моли за да може да го толкува.

14. Зашто, ако се молам на непознат јазик, мојот дух се моли, но мојот ум останува без плод.

15. Што значи тоа? Ќе се молам со духот, но ќе се молам и со умот; ќе пеам со духот, но ќе пеам и со умот.

16. Зашто ако ти благословуваш со духот, како неупатениот ќе рече: „Амин”, на твоето благодарење, кога не знае што зборуваш?

17. Зашто, ти навистина благодариш, но другиот не се надградува.

18. Му благодарам на Бога дека зборувам повеќе јазици од сите вас;

19. но во заедницата повеќе сакам да речам пет збора со мојот ум, за да ги поучувам и другите, отколку десет илјади зборови на непознат јазик.

20. Браќа, не бидете деца во умот, туку бидете младенци во злобата, а во умот бидете зрели луѓе!

21. Во Законот е напишано: „Преку луѓе, кои говорат на друг јазик и преку усните на туѓинци, ќе му зборувам на овој народ, но и тогаш нема да Ме послушаат - говори Господ.”

22. Затоа јазиците се знак не за оние кои веруваат, туку за неверниците; пророштвото пак не е за неверниците, туку за оние, кои веруваат.

23. Ако пак целата црква се собере на едно место, и ако сите зборуваат на непознати јазици, и ако влезат неупатени или неверници, нема ли да речат дека сте полуделе?

1 Коринќаните 14