1 Коринќаните 13:3-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. И ако го раздадам целиот свој имот, за да ги нахранам бедните; и ако го предадам своето тело, да биде изгорено, а љубов немам, ништо не ми ползува.

4. Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува;

5. не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло;

6. не и се радува на неправдата, а и се радува на вистината;

7. сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи.

8. Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби : ако се пророштва - ќе се отстранат; јазици - ќе замолкнат; ако е знаење - ќе исчезне.

9. Зашто, делумно знаеме и делумно пророкуваме,

10. но кога ќе дојде совршеното, ќе се отстрани делумното.

11. Кога бев дете, зборував како дете, мислев како дете, расудував како дете. А кога станав маж, го отстранив детинското.

1 Коринќаните 13