1. Што се однесува за духовните нешта, браќа, не сакам да останете во незнаење.
2. Знаете дека кога бевте многубошци, бевте влечени како терани кон немите идоли.
3. Затоа ве известувам дека никој, кој зборува во Божјиот Дух, не вели: „Проклет да е Исус,” и никој не може да каже: „Исус е Господ,” освен преку Светиот Дух.
4. Дарбите се различни, но Духот е ист.
5. Различни се и службите, но Господ е ист.
6. Има разлики и во дејствата, но Бог е ист, Кој врши сè во сите.
7. Секому му се дава откровение на Духот за општа полза.