1 Коринќаните 11:4-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Секој маж, кој се моли или пророкува имајќи нешто на неговата глава, ја срамоти главата.

5. А секоја жена, која се моли или пророкува гологлава, ја срами својата глава, зашто е сосем исто како да е истригана.

6. И така: ако жената не се покрива - нека се истриже! Но ако е срамно за жената да се стриже или да се бричи; нека се покрива!

7. Мажот пак не треба да ја покрива главата, зашто е слика и слава Божја, а жената е слава на мажот.

8. Зашто мажот не е од жената, туку жената од мажот;

9. бидејќи мажот не е создаден заради жената, туку жената заради мажот.

10. Затоа жената треба да има власт на главата, заради ангелите.

1 Коринќаните 11