1 Коринќаните 11:27-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Затоа, кој јаде од лебов или пие од оваа Господова чаша, на недостоен начин, ќе биде виновен против телото и крвта на Господа.

28. Но, човекот нека се испита себеси, и така да јаде од лебот и да пие од чашата,

29. зашто кој јаде и пие, а не Го распознава Господовото тело, јаде и пие за свое осудување.

30. Затоа мнозина се слаби и болни меѓу вас, а мнозина и умираат.

31. Ако се осудуваме сами себеси, нема да ни се суди;

32. а кога Господ нè суди, нè накажува, за да не бидеме осудени со светот.

1 Коринќаните 11