1 Коринќаните 11:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Угледајте се на мене, како и јас на Христа.

2. Ве пофалувам дека ме помните за сè и дека ги држите преданијата како што ви ги предадов.

3. Но сакам да знаете дека Христос е глава на секој маж, а мажот е глава на жената; а пак Бог е глава на Христа.

4. Секој маж, кој се моли или пророкува имајќи нешто на неговата глава, ја срамоти главата.

5. А секоја жена, која се моли или пророкува гологлава, ја срами својата глава, зашто е сосем исто како да е истригана.

1 Коринќаните 11