8. Ниту блудствувајте, како што блудствуваа некои од нив, и во еден ден паднаа дваесет и три илјади!
9. Ниту да Го искушуваме Господа, како што Го искушуваа некои од нив, и загинаа од змии.
10. Ниту роптајте, како што роптаа некои од нив, и загинаа од истребителот!
11. А сè тоа им се случи за пример, и е напишано за поука нам, врз кои дојдоа краевите на времињата.
12. И така, кој мисли дека стои, нека внимава да не падне!
13. Никакво искушение не ве постигна, освен човечкото. А Бог е верен и не ќе дозволи да бидете искушувани над вашите сили, туку заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да го издржите.
14. Затоа, мои возљубени, бегајте од идолопоклонството!
15. Зборувам како на мудри; пресудете сами за она што ви зборувам.
16. Чашата на благословот, што ја благословуваме, не е ли заедништво на Христовата крв? Лебот, што го раскршуваме, не е ли заедништво на Христовото тело?