1 Коринќаните 10:5-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Но Бог не најде благоволение во нив, и беа погубени во пустината.

6. А тие нешта станаа примери за нас, за да немаме зли желби, како што ги имаа тие.

7. И не бидете идолопоклоници како некои од нив, како што е пишано: „Народот седна да јаде и пие, потоа стана да игра!”

8. Ниту блудствувајте, како што блудствуваа некои од нив, и во еден ден паднаа дваесет и три илјади!

9. Ниту да Го искушуваме Господа, како што Го искушуваа некои од нив, и загинаа од змии.

10. Ниту роптајте, како што роптаа некои од нив, и загинаа од истребителот!

1 Коринќаните 10