3. и сите јадеа иста духовна храна;
4. и сите пиеја иста духовна напивка; зашто пиеја од духовната Стена, која ги следеше, а таа Стена беше Христос.
5. Но Бог не најде благоволение во нив, и беа погубени во пустината.
6. А тие нешта станаа примери за нас, за да немаме зли желби, како што ги имаа тие.
7. И не бидете идолопоклоници како некои од нив, како што е пишано: „Народот седна да јаде и пие, потоа стана да игра!”
8. Ниту блудствувајте, како што блудствуваа некои од нив, и во еден ден паднаа дваесет и три илјади!
9. Ниту да Го искушуваме Господа, како што Го искушуваа некои од нив, и загинаа од змии.